Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје во текот на денешниот ден добила три барања за отказ од страна на главната сестра и две одделенски сестри.

Станува збор за Зорица Љубучиќ Митиќ, која во барањето за отказ навела дека причината е непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, пишува во барањето кое го управата го доставила главната сестра на Инфективната клиника во Скопје.

Покрај Митиќ, барање за оставка поднеле и други две одделенски медицински сестри. Едната е на одделот за Ургентна инфектологија, а другата е од одделот за неуроинфекции.

Оттука се поставува прашањето што се случува и зошто во време на пандемија ваков искусен медицински персонал решава да даде отказ од своето работното место.