Без разлика дали е лето или зима, дел од нас имаат проблеми со прекумерното потење. Секако, ова може да биде голем проблем, особено доколку влијае и на самодовербата.

Иако користењето на дезодоранс помага, не секогаш го дава целосниот ефект.

За да се спротивставите на овој проблем, треба да внимавате и на исхраната.

Потребно е да намалите со консумирањето на алкохол, кофеин, цигари, како и масната и нездрава храна.

Тие предизвикуваат зголемување на потењето.