Во пресрет на постудените времиња во годината, а во однос на запазувањето на свежината и чистиот воздух во домот, стручните лица препорачуваат одгледување кактуси, алое вера или мала палма дома.

Кактусот го апсорбира штетното електромагнетно зрачење, ја намалува концентрацијата на испарливи органски материи и главно, совршено го прочистува воздухот од чадот, лошите миризби и микробите. Покрај сѐ тоа, ова растение не бара многу светлина, а ни грижа.

Од друга страна пак, покрај тоа што се користи за негување на кожата и телото, алое верата е, исто така, и одличен прочистувач на воздухот, на пример, од зрачењето од компјутерските и ТВ екраните.

За тоа се препорачува и палмата. Според истражувања на НАСА, палмата Арека, на пр., е рангирана на осмото место по ефикасност на отстранување на формалдехидот. Освен тоа, добро ја одржува влагата и свежината во просторијата и многу брзо ги отстранува хемиските токсини од воздухот.