Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на денешниот ден даде изјава во која посочи дека нема потреба од дополнителни рестрикции за заштита од корона вирусот.

– Од формално правен аспект треба да се промени законот, заради тоа што сите овие мерки вклучително и носење на лична заштитна опрема на отворено се регулираше со уредба со законска сила која се донесе при крајот на вонредната состојба. За да може ова да се спроведе и за да може институциите да го контролираат иако не се спроведува да го санционираат мора да се направи законска измена. Најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура, изјави Венко Филипче.

Неговата изјава доаѓа во момент кога Институтот за јавно здравје објавува статистика за мината недела која вели дека бројот на заболени е зголемен за 86.5% повеќе од претходната. Според министерот засега доволна заштита се препораките од минатата недела: задолжителното носење на маски, забрана за групирање после 22 часот и не повеќе од четворица гости дома.

Во меѓувреме Велешката болница во текот на вчерашниот ден ги исполни капацитетите на инфективното одделение по што раководниот тим на болницата донесе одлука за проширување на истите од 35 на 46. Исполнети се капацитетите и на Инфективната болница, а докторите посочуваат дека и монтажните болници со 72 легла со овој тренд на хоспитализирање би биле исполнети за приближно една седмица.

-Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период кој е пред нас да ги изменаџираме со третман во јавно здравстените установи. Имаме конкретен план не само за скопските инфективни одделенија, туку и за сите болнички инфективни одделенија во државата. Модуларната болница до Инфективна а кога таа ќе биде исполнета, детската болница во Козле, изјави Филипче.