Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 20, позитивни и сомнителни на Ковид-19.