Ориганото е медитеранска билка на која и одговара само умерено топла и пријатна клима, додека спротивната, студена клима и влијае штетно. Се карактеризира со маслинесто зелена боја и виолетови цветови. Неговите листови имаат благ вкус, но истовремено горка нота, а притоа се доста ароматични.

Растението содржи многубројни минерали: магнезиум, цинк, калиум, витамините А, Б2 и Ц, железо и бор, а ја содржи и лековитата состојка карвакрол. Истовремено претставува силен антиоксидант и дури за 42 пати повеќе е посилен од јаболкото. Ориганото силно и ефикасно делува во борбата против салмонела, кандида, бронхитис, ги лечи синусите, а воедно е и извонреден лек против бактеријата ешерихија коли.

Најчестиот начин на лекување со оригано е консумација на чај од оваа билка. Чајот од оригано може да се приготви од свежа билка или од сува. Чајот од оригано е добар за прочистување и подобрување на дишните патишта, дигестивниот и нервен систем. Бидејќи ориганото, особено дивото, е антиоксидативен, антитуморски и антиинфламаторен лек, помага и се користи во лекување на разни болести, особено на оние од инфективна природа.

За подготовката на овој чај едноставно ставете да се затопли вода, а кога таа ќе зоврие, додадете сушени листови од оригано. Откако водата со листовите ќе зоврие, ставете го садот на страна, покријте го и оставете го да отстои 10 минути. Препорака е овој чај да се пие 3 пати дневно.

Чајот од оригано може да излекува или ублажи: гушење, артритис, кашлица и настинка, дигестивни пречки, болка во мускули, забоболка, подуеност, замор, главоболка, болка во увото, срцеви проблеми, киселини во желудник, инфекции во уринарен тракт и менструални грчеви.