Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.