Овој „плод на боговите“ е исклучително хранлив и има ефект на кардиозаштитник

Есента како годишно време носи многу придовки во секојдневната исхрана. Костенот е еден од плодовите на есента кој е богат со витамини, не содржи глутен, има високо ниво на растителни…

Есента како годишно време носи многу придовки во секојдневната исхрана. Костенот е еден од плодовите на есента кој е богат со витамини, не содржи глутен, има високо ниво на растителни влакна и едноставно претставува одличен додаток во исхраната за целото семејство.

Постојат многу причини поради кои во исхраната треба да го додадете костенот, кој во овој период го има на секој чекор. Костенот содржи помалку масти од останатите јаткасти плодови, висок процент на скроб и витамин Ц. Поради високото ниво на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, костенот брзо предизвикува чувство на ситост.

Тој е одличен за забите и коските поради комбинацијата калциум, фосфор и магнезиум. Костенот стимулира функции на нервниот систем затоа што е богат со минерали и витамини од групата Б. Користен е и во исхраната на дијабетичарите поради спората апсорпција на јаглени хидрати, па не го подигнува нагло инсулинот во крвта.

Брашното од костен е намирница без глутен, а добар е и во борбата со анемија затоа што има високо ниво на железо.

Костенот има ефект на „кардиозаштитник“ затоа што содржи маснотии кои што се добри за организмот и обезбедува добра пропорција на омега 3 и омега 6 масни киселини – го штити срцето.

Го чува и системот на цревата и имунитето затоа што е пребогат со растителни влакна и овозможува добра работа на цревниот систем.


Related Articles