Желбата и потребата безбедно да се третираат забите со цел да им се врати белата боја е водилка за бројни иновативни истражувања.

Благодарение на реномираната компанија Preventa, стоматолозите во Македонија го добија првото биолошко средство за белење на забите, уникатниот BioWhiten.

Иновативна и исклучително безбедна формула која успешно делува при различни случаи на дисколорација на забите, од наједноставни до најсложени (тетрациклински заби).

Изработен со нано техологија, BioWhiten системот содржи патентирана формула на ниско ниво на Алкален-Хидроген пероксид, во комбинација со кристали на Нано-Хидроксиапатит кoи се компатибилни со кристалната структура на забот, успешно ги реминерализираат забите, го зајакнуваат емајлот и ги исполнуваат микропукнатините.

Тајната на неговата ефикасност е  ослободувањето на поголема количина на активна супстанца во однос на стандардните средства за белење со што се објаснува неговата ефикасност и во екстремно ниски концентрации.

Прв и единствен приозвод за избелување кој може да се нанесе и на чувствителни заби речиси без чувствителност.

Нема потреба од продукти за десензибилизација.

Нема потреба од дополнителен извор на светлина.

Избелувањето во ординација или во домашни услови или комбинирано, ординациски + домашно, кое може да се применува во ист ден, ви нуди можност за креирање на персонализиран план за третман на избелување и флексибилна апликација, без несакани последици.

Нуди можност за изработка на индивидуални протоколи со употреба на различни концентрации, од 6% се дo 12% или 18%.

Од неодамна, на пазарот во Македонија, BioWhiten – средството за белење e достапно и во концентрација од 25%.

Сите опции се карактеризираат со висока ефикасност и безбедност. Тоа го потврдуваат двете независни студии направени на универзитетите  во Швајцарија и Италија.

Најважно од се е дека пациентот ќе ги добие очекуваните резултати со само еден третман во траење од 50-тина минути и нема да има несакани и непријатни чувства за време и по третманот.

Изборот на BioWhiten ќе ви овозмозжи да бидете лидери во својата професија.

Избелете ги забите на здрав начин.

BioWhiten – најефективната и најнова формула како одговоро на сите ваши професионални очекувања.