Комисијата за заразни болести оваа недела ќе ја разгледува можноста за воведување на полициски час во земјава. Одлуката ќе зависи од бројот на новозаболени и од тоа колку ќе биде исполнет капацитетот на болничките ковид центри.

Микробилогот Никола Пановски во изјава за една од нашите тв куќи, посочи дека полицискиот час е потребен доколку сакаме да се намалат бројките на новозаразени. Она кое ја загрижува целата јавност е бројот на починати, но и се поставува прашањето колку здравствените работници ќе можат да го издржат ваквото темпо.

Во меѓувреме капацитетите на ковид центрите во интерните клиники се исполнуваат. Таму се предвидени 150 места, а откако ќе се пополнат петте клиники, место повеќе ќе се бара и на очната клиника и на клиниката за уво, нос и грло, каде ќе има 100 кревети.