Србија започнува со вакцинација идната недела, а Македонија ќе чека донации од Бугарија, Грција и Полска

Речиси 5.000 дози од вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“ пристигнаа вчера во Србија. Следната недела Србија ќе започне со вакцинација на граѓаните. А, министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека…

Речиси 5.000 дози од вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“ пристигнаа вчера во Србија. Следната недела Србија ќе започне со вакцинација на граѓаните. А, министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека Македонија ќе добие вакцини до март, евентуално јануари, ако и останат вишок вакцини на Бугарија. Македонија пак е последна во регионот.

Деновиве како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека вакцините ќе пристигнат, така и се случи, а со тоа Србија стана прва балканска земја која ја доби оваа вакцина против КОВИД-19.

-Вакцинацијата е од клучна важност, тие велат дека станува збор за удобност, но тоа е прашање на нашите животи. Верувам дека ќе ги добиеме првите вакцини „Фајзер“ во следните два или три дена, рече Вучиќ.

Тој изјави дека наскоро се очекува кинеската вакцина, а потоа и американската „Модерна““, нагласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ на една од своите изјава за медиуми.

„Имунизацијата веројатно ќе почне следната недела. Наскоро ќе се одлучи и кој прво ќе биде вакциниран“, вчера изјави Мирсад Ѓерлек, државен секретар во Министерството за здравство. Од Владата претходно кажаа дека првите дози ќе бидат дистрибуирани во старечки домови.

Според првичните информации македонските граѓани вакцината против КОВИД-19 ќе ја добијат најверојатно во февруари или март. Според информациите од власта вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет во вакцинирањето ќе имаат сите здравствени работници од КОВИД-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со корона вирус.

„Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку „Ковакс“ системот“, рече министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции.

„Вакцините треба да пристигнат на почетокот на идната година, односно некаде во март. Како што е познато, и како што најави министерот Венко Филипче, први ќе се вакцинираат здравствените работници, војската и полицијата“, истакна премиерот Зоран Заев во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче по посетата во Бугарија му беше ветено дека ако на Бугарија и останат вакцини ќе и ги донира на Македонија и тоа во јануари месец. Бугарија откако ќе ги добие првите дози на вакцини против КОВИД-19 ќе донира и за Македонија. На вчерашната седницата на владата на Република Бугарија каде бил присутен и министерот за здравство Венко Филипче на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот Костадин Ангелов било потврдено дека од секоја пратка на вакицна ќе добие и Македонија.

По враќањето од Бугарија министерот Филипче на прес конференција објасни дека засега ниту во Бугарија не знаат кога ќе ја добијат првата пратка од вакцините. Филипче најави дека во втората половина на 2021 година ќе може да стигне и вакцината од „Фајзер“. Освен поддршка од Бугарија за донација на вакцина и Грција и Полска ветија помош со вакцини.

Речиси 5.000 дози од вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“ пристигнаа вчера во Србија. Следната недела Србија ќе започне со вакцинација на граѓаните. А, министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека Македонија ќе добие вакцини до март, евентуално јануари, ако и останат вишок вакцини на Бугарија. Македонија пак е последна во регионот.


Related Articles