СЗО: Светот е на работ на катастрофален морален неуспех во дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот

Во текот на денешниот ден, Извршниот одбор на Светската здравствена организација одржа состанок каде главен збор имаше Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус. Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди…

Во текот на денешниот ден, Извршниот одбор на Светската здравствена организација одржа состанок каде главен збор имаше Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека светот е на работ на „катастрофален морален неуспех“ во дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот. Цената на ваквиот неуспех ќе доведе до сериозни последници насочени кон здравјето на луѓето, но и на човештвото во помалку развиените и сиромашни земји. Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите и производителите да ги споделуваат дозите поправедно низ целиот свет.

Тој верува дека изгледите за еднаква дистрибуција се „сериозен ризик“ пред програмата Ковакс (COVAX) да започне со дистрибуција на вакцини следниот месец. Истовремено посочи дека производителите на вакцините се во координација со регулаторни комисии на државите каде профитот е најголем, со тоа што дистрибуцијата недоставува и е во намалени количини во земјите кои се посиромашни и помалку развиени.

Тедрос истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12. Според него, нееднаквата дистрибуција може да го одложи снабдувањето на COVAX и да доведе до хаос на пазарот, некоординиран одговор и социјални и економски проблеми.

– Таквиот пристап „прв дојден, прв услужен“ го остава најсиромашниот и најранливиот свет во опасност, предупреди Гебрејесус на почетокот на состанокот на Извршниот одбор на организацијата.

– На крајот на краиштата, овие активности само ќе ја продолжат пандемијата, предупреди тој.

Генералниот директор на СЗО како пример за нееднаквост посочи дека биле дадени повеќе од 39 милиони дози во 49 земји со висок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.


Related Articles