Вкупно 600 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат на инфективните одделенија и болниците низ Македонија

Во текот на денешниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава. Според извештаите на…

Во текот на денешниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализиран 35 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти.

Во Велес се лекуваат 24 болни, во Куманово 48, а во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти. Во болницата во прилеп во последниве 24 часа се примени 24 нови случаи, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610, а има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство посочуваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, како што дополнуваат, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


Related Articles