Со Ковид-19 денеска се заразија нови 336 лица, а 10-мина починаа

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: Скопје –…

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 145, Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти од: Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 , Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 , Крушево –1 .

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91 891, бројката на оздравени пациенти е 80 393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 40006, активни 4715
• Куманово 5166, активни 364
• Тетово 5065, активни 314
• Прилеп 4551, активни 181
• Гостивар 3607, активни 225
• Штип 3491, активни 133
• Битола 3215, активни 164
• Велес 3069, активни 260
• Охрид 2786, активни 390
• Кавадарци 2560, активни 323
• Струмица 2523, активни 282
• Струга 2199, активни 160
• Кочани 1718, активни 74
• Кичево 1713, активни 127
• Свети Николе 1075, активни 33
• Гевгелија 983, активни 101
• Неготино 960, активни 94
• Дебар 753, активни 85
• Ресен 734, активни 94
• Крива Паланка 721, активни 44
• Радовиш 697, активни 45
• Делчево 601, активни 165
• Берово 589, активни 45
• Пробиштип 507, активни 41
• Виница 489, активни 34
• Валандово 325, активни 11
• Демир Хисар 243, активни 6
• Македонски Брод 244, активни 12
• Богданци 224, активни 27
• Кратово 220, активни 18
• Крушево 205, активни 30
• Демир Капија 197, активни 32
• Македонска Каменица 190, активни 20
• Пехчево 183, активни 13
• Дојран 82, активни 5


Related Articles