Во 2017 година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, што во споредба со 2016 година е зголемување за 3.6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Од нив, на државните високообразовни установи дипломирале 6.460, на приватните 2.045 и на верските факултети 40 студенти.

Од вкупниот број дипломирани, 82.1 отсто се редовни, а 17.9 отсто се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студентки е 57.5.  Во рок дипломирале 38.6 проценти, а 61.4 отсто дипломирале по рокот.