Еве зошто некои луѓе се повеќе склони кон појава на мозочен удар

Постојат различни причини зошто некои личности се повеќе склони кон ризикот од мозочен удар. Постојат големи артерии кои транспортираат чиста крв и хранливи материи во мозокот. Најголемата од нив е…

Постојат различни причини зошто некои личности се повеќе склони кон ризикот од мозочен удар.

Постојат големи артерии кои транспортираат чиста крв и хранливи материи во мозокот. Најголемата од нив е всушност средната мозочна артерија. Таа обезбедува крв во бочните делови на темпоралниот, фронтален и паријетален дел од мозокот. Овие делови од нашиот мозок ги регулираат функциите на лицето, рацете, грлото и дланките.

Местото каде оваа голема артерија се раздвојува од внатрешните каротидни артерии најчесто се јавува како место на блокадата, што може да доведе до мозочен удар. Притоа, мозочниот удар се случува кога самата артерија или една од нејзините гранки е блокирана и крвта не може правилно да тече низ неа. Кога таквите патишта се блокирани, сусптанците кои не одржуваат во живот, како што се крвта, хранливите состојки и кислородот, не можат да дојдат до мозокот. Ако ваквата блокада не се отстрани веднаш, може да настане трајна штета.

Постојат повеќе причини зошто една личност би можела да доживее мозочен удар на овој начин, но најчестите од нив ги вклучуваат пушењето, дијабетесот, високиот пиритисок и аритмијата на преткоморите.

Ударите најчесто се јавуваат кога крвното згрутчување притисок патува од артеријата или срцето и се сместува во средната мозочна артерија. Понекогаш, иако тоа е ретко, крвното згрутчување се развива директно во артеријата. Во било кој од овие случаи, крајниот резултат е мозочен удар преку средната мозочна артерија.


Related Articles