Задоволство ни е накратко да споделиме со Вас едно позитивно искуство, едно интересно место каде што задоволните посетители повторно се враќаат, а тоа е ресторанот Одисеја. Ние знаеме зошто се враќаат! Храната и услугата се она што секој наш посетител го тера повторно и повторно да доаѓа кај нас и да ужива.

За квалитетните и вкусни специјалитети сме сигурни бидејќи кујната се снабдува исклучиво со квалитетни и свежи состојки. Но, најголем адут е нашиот тим од искусни готвачи коишто се вложуваат целосно и го даваат својот максимум во секој специјалитет. Со стремеж кон совршенство, услугата постојано е предмет на усовршување, практикуваме европски стандард со персонален пристап кон секој гостин.

Покрај храната и услугата, можеме да се  пофалиме и со амбиент што содржи  „wow“ фактор.

Новиот ентериер со природни елементи на камен, дрво и зелена флора покрај тоа што зрачи и Ви дава чувство на припадност, топлина и енергија за дружење, забележавме дека многу често нашите посетителите го користат и за фотографирање и „чекирање“ на социјалните мрежи.

Одделот винарија е уникатна творба којашто поседува импозантна винска карта, подготвена и достапна за голем број на љубители на виното.

А, кога сме кај виното и во зависност од тоа што сакате да славите: ЉУБОВ или ВИНО, тимот на ресторан Одисеја Ви подготви изненадување со СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА во пресрет на Денот на вљубените односно празникот Свети Трифун!

Бројот на гости е ограничен и затоа резервирајте го Вашето место на телефонскиот број: 076 210 032

Не заборавајте дека имате обезбеден бесплатен паркинг.

Локација: ул. Тодор Чангов бр.61/5 (последна 5-ка) Ново Лисиче, Скопје.

Бидете во тек со сите случувања во Одисеја на Фејсбук и на Инстаграм.