Заводот за статистика ги објави официјалните резултати за бројот на починати и родени во 2020 година, а поразително е тоа што бројката на починати е за цели 25% повисока во споредба со 2019 што е доказ за лошиот здравствен систем и катастрофалното менаџирање со ковид кризата, а од друга страна бројот на новородени се намалува што се должи на лошата економска состојба на граѓаните и укинувањето на мерката за трето дете што СДСМ го направи по доаѓањето на власт.

Големиот број на починати се должи на високата смртност од КОВИД-19 по што Македонија е речиси најлоша од соседните земји од кои има и такви кои имаат трипати по ниска смртност од Македонија како што се Србија со 512 смртни случаи на еден милион жители, Албанија со 631 смртни случаи на милион жители, додека во Македонија на еден милион жители како последица на КОВИД-19 има 1 509 починати. На оваа листа од земјите во регионот единствена која што е во полоша состојба е Црна Гора која има 1 616 починати на милион жители.

Починати на милион жители како последица на КОВИД-19:
1-Црна Гора 1.616
2-Македонија 1.509
3-Бугарија 1.491
4-Албанија 631
5-Грција 629
6-Србија 512

Од друга страна тоа што повторно загрижува во бројките објавени од Државниот завод за статистика е падот на бројот на новородени. Ако во 2019 нивната бројка била 19.725, во 2020 тие биле 18.863. Ваквиот катастрофален пад некои од експертите го поврзуваат исто со кризата предизвикана од КОВИД-19, но ова тврдење не држи многу бидејќи првиот случај на КОВИД-19 во Македонија беше регистриран на 26 февруари, а ова значи дека новороденчињата кои требало да се родат во 2020 веќе биле на пат.

Тоа што наталитетот е во постојан пад во последните 5 години, воглавно се должи на слабата економска состојба на граѓаните која не им дозволува, особено на младите да се одлучат на планирање брак и деца.

2016 година – 23.002
2017 година – 21.754
2018 година – 21.333
2019 година – 19.845
2020 година – 18.863

Large Group of Babies

Друга причина што со сигурност влијаела на ваквиот континуиран пад на наталитетот е и укинувањето на додатокот за трето дете кој СДСМ го укина веднаш откако дојде на власт со образложение дека мерката не давала резултати, но очигледно е дека нејзиното укинување негативно се одрази особено кај семејствата со ниски примања.

Со оваа демографска мерка мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години. Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари.