Секој мај „Дојче Банк“ го објавува годишниот извештај „Мапирање на светските цени“, во кој ги категоризира трошоците за роба и услуги во најголемите и најмоќни градови на светот.

Таа позната европска банка анализира се, од целните на една кутија цигари до просечните цени на кириите во двособен стан, како би утврдила колку изнесува трошокот за живот ширум светот.

Една од ставките кои исто така се истражуваат е и просечната нето плата, која е прикладен показател на богатството на некој град.

Градовите кои најдобро котираат се наоѓаат во подрачјето на северната хемисфера и се однесуваат на развиените западни земји, а на листата се најдоа и главните економски сили на јужната хемисфера, како Австралија и Нов Зеланд.

Не изненадува што луѓето кои живеат во градовите каде животните трошоци се високи имаат и повисоки плати, како финансиските центри како што се Лондон, Њујорк и Франкфурт.

Платите во Франфурт пораснале за повеќе од 200 долари месечно во текот на минатата година, бидејќи банките после Брегзит токму таму ја преместуваат својата работна сила.

Топ градовите се задржаа на високите позиции, ако се споредува минатогодишната листа, иако во малку различен редослед.

Прв на листата со највисоки плати е швајцарски Цирих, град каде што живеат и работат голем број Македонци, како и лица од целиот овој регион, од целиот Балкан.

Погледнете во кои градови најмногу се заработува:

  • Цирих, Швајцарија 5.764 долари
  • Сан Франциско, САД 4.974 долари
  • Њујорк, САД 4.115 долари
  • Сиднеј, Австралија 3.914 долари
  • Бостон, САД- 3.740 долари
  • Осло, Норвешка- 3.664 долари
  • Чикаго, САД- 3.650 долари
  • Копенхаген, Данска 3.462 долари
  • Дубаи, УАЕ 3.447 долари
  • Франкфурт, Германија 3.389 долари
  • Лондон, Велика Британија 3.381 долари
  • Мелбурн, Австралија 3.263 долари
  • Сингапур, Сингапур 3.099 долари
  • Амстердам, Холандија 3.058 долари
  • Токио, Јапонија 3.004 долари
  • Стокхолм, Шведска 2.999 долари
  • Хелсинки, Финска 2.988 долари
  • Велингтон, Нов Зеланд 2.946 долари
  • Париз, Франција 2.886 долари
  • Даблин, Ирска 2.762 долари
  • Окланд, Нов Зеланд 2.723 долари
  • Единбург, Велика Британија 2.565 долари
  • Хонг Хонг, Хонг Хонг 2.550 долари
  • Торонто, Канада 2.519 долари
  • Берлин, Германија 2.482 долари
  • Брисел, Белгија 2.480 долари
  • Ванкувер, Канада 2.458 долари
  • Виена- Австрија 2.425 долари