Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека пристигнува пратка од 2000 вакцини од Кина. Транспортот е веќе организиран, а вакцините се наоѓаат на аеродромот во Софија.

Пратката, како што посочи Филипче, е иницирана од почетокот на февруари од страна на нашиот амбасадор во Обединетите Емирати.

Инаку по состанокот на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување на ковид пациенти. Ваквиот предлог утре ќе биде поднесен до Владата, посочи министерот Филипче.