Бројот на заразени од коронавирус во Македонија постојано е во пораст. Периодов активен е и полициски час кој започнува од 20:00 часот, а затворени се и сите угостителски центри, казина, фитнес сали и обложувалници. Во меѓувреме на социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа како патниците во јавниот сообраќаен превоз се гужваат и не постои можност за одржување на потребната дистанца од 2 метри.

Загрижените граѓани преку социјалните мрежи бараат да се пуштат повеќе автобуски линии со што би се спречил ризикот од  ширење на заразата. Барањата се упатуваат кон градскиот татко кој е задолжен за работата на Јавното сообраќајно претпријатие.

Доколку градоначалникот Петре Шилегов не пушти во употреба повеќе автобуски линии, граѓаните по социјалните медиуми предупредуваат на можен нов кластер кој со сигурност ќе го зголеми бројот на заболени на дневна основа, а во меѓувреме оние кои се со кревко здравје или имаат одредена хронична болест ќе се најдат во живото-загрожувачка опасност.

Ова е фотографијата која кружи на социјалните мрежи и јасно ја покажува реалната состојба од терен.