Министерот Венко Филипче денеска изјави дека во телекомуникација со претседателот на Комисијата за заразни болести зборувале за олабавување на рестриктивните мерки. Тој посочи дека одлуката не е воопшто политичка, а доколку продолжи трендот на намалување на бројките ќе следат и дополнителни попуштања на рестрикциите.

-Во однос на последната одлука, со оглед на тоа што состанокот на Главниот координативен кризен штаб се одржа во понеделникот, јас имав телефонска, консултација со претседателот на Комисијата, и со дел од членовите со кои што разговаравме за предлог попуштање на рестриктивни мерки, притоа разговаравме и за сегашната епидемиолошка ситуација и состојбата во болниците односно дали има можност да се попуштат рестрикциите, додаде Филипче.

Предлогот за намалување на мерките доаѓа од министерот, но никогаш од министерството, без да се направи една опсежна консултација. Филипче појасни дека во текот на вчерашниот ден имало и официјален состанок на Комисијата на кој што е потврдена согласноста за она што претходно неофицијално го искомуницирале, а министерот го предложил до Владата преку Главниот координативен кризен штаб.

-Донесени се и некои дополнителни одлуки и оттука и препораката за која Владата вчера донесе одлука да се скрати полицискиот час, угостителски објекти до 22:30 часот. Другите барања беа добиени, имаше барања за отворање на теретани или зголемување на бројот на деца во градинките, за тоа Комисијата смета дека е сеуште рано и има препорака за 14 дневен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични каратеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи Филипче.

Тој додаде и дека од денес почнува со работа и клиниката за кардиологија, со што ќе се олабави притисокот врз пациентите.