Пратеникот Игор Јанушев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва беше гостин во дебатна емисија на една од нашите тв куќи. Тој зборуваше за лошите владини политики, набавката на вакцините, но и за криминалните афери кои се случуваат на дневна основа.

Во однос на набавката на вакцини, Јанушев посочи дека власта се обидела неколку пати да оствари материјална придобивка врз грбот на граѓаните, бидејќи ги обезбедила само провизиите, а не вакцините кој се неопходни.

Тој посочи и дека СДСМ наместо да се потруди да испроектира и реализира некој нов проект, се кити со туѓи перја, односно се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, кои што не се способни ниту да ги довршат. Покрај тоа што не ги довршуваат проектите, крадат народни пари во нивната изградба. Тоа е апсолутно нон сенс, рече Јанушев.