Светската здравствена организација синоќа објави дека повеќе од 817 000 се заразени со ковид-19 за последното деноноќие во светот, а починаа околу 13 400 лица.

Најголем број на заразени се регистрирани во САД, повеќе од 32 милиони, потоа следи Индија со 22 милиони и Бразил со околу 15 милиони случаи.

Од новите регистрирани заболени со Ковид-19, повеќе од половината се откриени во Југоисточна Азија, вклучително и Индија (423 364), а во Северна и Јужна Америка се потврдени 205 327. Во Европа се регистрирани 124 715 случаи.