Во денешно време со забрзаното темпо на живот, се поголем е бројот на млади жени кои имаат потешкотии да забременат. Токму затоа гинеколозите препорачуваат секојдневна употреба на мали дози на аспирин.

Се смета дека аспиринот во доза не поголема од 100 мг во текот на денот може да помогне во процесот на забременување поради тоа што аспиринот делува врз поттикнувањето на циркулацијата на крвта во телото и ја успорува коагулацијата, па затоа матката се здобива со поголема количина крв и се здебелува што ја прави имплантацијата на оплодената јајце клетка полесна.

Исто така аспиринот може позитивно да влијае врз јајниците, стимулирајќи го создавањето на квалитетни фотикули што може да доведе до ослободување на повеќе од една јајце клетка.

Оптимална доза која помага во процесот на зачнување, според лекарите е од 75 до 80 милиграма во текот на денот која треба да се зема наутро и да не се лежи барем половина час после земањето на лекот.