Според најновите рангирања и извештајот на Меѓународната Конфедерација на синдикати во однос на почитувањето на работничките права во земјите низ светот, Македонија е класифицирана со оценка четворка што значи „систематско кршење на работничките права“. Овој извештај се смета за најрелевантен кога станува збор за оценување на работничките права во земјите низ светот.

Во однос на земјите во регионот единствено Србија е полошо рангирана од нас, а останатите се подобро рангирани. Македонија се наоѓата во групата заедно со Кенија, Џибути, Боцвана, Уганда, Замбија и Конго, земји од т.н. трет свет.

Оценката која ја доби Македонија – 4, односно „Систематско кршење на работничките права“, означува дека во земјата се работничките права се кршат од страна на Владата и компании блиски до владата. Владата е вклучена во систематско уништување и задушување на колективниот глас на работниците и нивно организирање во синдикати.