Љубчо Балковски од ВМРО-НП доби работно место во Министерството за здравство. Венко Филипче го поставил за директор на Проектната единица, која е задолжена за капиталните инвестиции во здравствениот систем. Од Клинички центар, реконструкција на болници и изградба на нови. Балковски доаѓа на местото на Јован Грповски, кој, пак, не само што беше во Проектната туку и постојано го следеше екс министерот Никола Тодоров. Информацијата за именувањето на Балковски ја потврди и Филипче, според кој, сега работите ќе продолжат со предвидената динамика откако биле закочени поради поставувањето на нови членови во Проектната единица.

Балковски и е познат на македонската јавност од времето кога премиер беше неговиот лидер Љубчо Георгиевски а Балковски раководеше со Министерството за транспорт и врски. Во 2004 година Балковски заработи кривична пријава од МВР поради проневера на 150 милиони денари.

По Ден Дончев кој е директор на ФЗОМ, Балковски е втор човек од Народна кој добива функција во здравствениот сектор.