Многу често се случува нашиот организам да се успори дотолку што само една попладневна дремка може да го врати на правиот колосек. Помеѓу 13 и 15 часот, температурата на телото паѓа и нивото на мелатонин се зголемува. И обете се знак дека ни треба пауза. Еве неколку придобивки од попладневната дремка:

– Луѓето кои практикуваат попладневен одмор се поактивни, а исто така имаат и поголема мотивација од луѓето кои практикуваат спиење само навечер.

– Дремката го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

– По поладневниот одмор се подобруваат когнитивните функции, времето на реакција и краткорочната меморија.

– Спиењето попладне доведува до промени во мозочните канали кои го олеснуваат и овозможуваат учењето да биде побрзо.

Докажано е дека спиењето 20 минути во раните попладневни часови ги намалува шансите да доживеете срцев удар во зрелоста, а исто така потврдено е и дремење за намалување на крвниот притисок. Кратките дремки се одлични кога немате многу време за одмор, и ви требаат повеќе, а дополнителните придобивки се што нема да се чувствувате поспани и слаби по нив, бидејќи не сте влегле во фаза на длабок сон.