Ротквиците го поттикнуваат лачењето на дигестивните сокови и работата на цревата, па се препорачуваат на лицата кои страдаат од запек.

Свежиот сок добиен од ротквиците е стар народен лек, а и помага на жолчката во излачувањето и е многу добар за лекување на воспаленија на жолчното кесе. Ротквиците исто така поволно делуваат на излачувањето на секрет од дишните органи, па се препорачуваат при бронхитис, настинки, грип, дишни инфекции и кашлица.

Роткввицата е со потекло од Азија и една од најстарите култивирани билки во светот. Дури се наоѓа и на цртежите на гробниците на старите Еѓипќани, кои ја сметале за чудотворна. Во светот е многу распространета, а се користи како салата, зачин или лек.

Црна ротквица

За нашата клима карактеристична е црната ротквица, која во однос на белата нема некои значајни предности. Поради мирисот и вкусот во исхраната се користи главно како средство кое го поттикнува апетитот. Најчесто се консумира во облик на салати, сама или помешана со јаболко, маслинки, кисели краставички, со маслиново масло и кисело млеко. Црната ротквица се препорачува при белодробни воспаленија и кашлица.

Бела ротквица

Јапонците ја нарекуваат „чистач на телото“, таа претставува активен диуретик кој го топи песокот и каменот, помага при варењето на мастите, го смирува бронхитисот и ја отстранува кашлицата, а исто така ја стимулира и работата на жолчката.

За жените ротквицата е од голема важност, бидејќи ги задоволува потребите на организмот за минерали и ензими и на тој начин влијае на подмладувањето.

Без сол

Важно е да знаете дека ротквицата во било кој облик не треба да ја солите, бидејќи тогаш станува штетна. Ротквицата треба да ја јадете свежо подготвена, бидејќи со стоењето го губи вкусот, мирисот и лековитите својства, а ослободува токсични состојки.