Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1.

Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите се починати во болнички услови.

Направени се 3.680 тестови преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-42, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-3, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–25, МАНУ-91, Жан Митрев (Филип Втори)-212, Авицена-490, Биотек-602, Систина-123, лабораторија Лаор-209, Синлаб-48, Ремедика-40, Плодност–109, Генеа–111, Никоб лаб-635, ВФВ Медикал-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 622.

Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.