Музичарите од ЕВА заедно со нивните професори ќе одржат концерт кој ќе прозвучи љубов и радост. Концерт посветен на сите кои ги сакаме и кои ни го бојат светот, а наменет за собирање средства за лекување на малиот Василие Петридов, кој боледува од мускулна дистрофија, а кој заедно одлучуваме дека ќе живее, среќно и здраво!

Влезот е Ваша донација од 100 ден.

На 5-ти јуни, вторник, од 19:00 часот, на Факултетот за музичка уметност, Голема сала, за Василие ќе концертираат учениците од Школата за музика ЕВА:

Софија Аџиева, Елена Аџиева, Андреа Младеновска, Теодора Спиридонова, Надја Петковска, Јелена Илиќ, Деница Батковска, Давид Иљов, Моника Шишкова, Афродита Хаџи-Лега, Ангелина Дулева, Мила Бадаревска, Леандра Амети, Предраг Станковиќ, Симона Младеновиќ, Денис Асани, Дарко Пенев, Ерин Селим, Ангел Пејковски, Јарослава Ѓуричиќ, Љупчо Нечовски, Елена Аџиева, Рина Османи, Амелија Станчева, Ева Негриевска и Леарт Амети.

Во класата на професорите:

Теодора Нарашанова – пијано
Гонце Богоромова – Краповски – соло пеење
Билјана Камчева – соло пеење
Ѓорѓи Миладиновски – гитара

Фотографија на плакат: Александар Томовски, успешен фотограф од Школата за фотографија во ЕВА

Музика и сите убави емоции на едно место!
Бидете таму!

Во меѓувреме, донирајте на  телефонските броеви:

Телеком 070 143 444
Oне.Вип 143 464
или донирајте на трансакциска сметка:
270-7000244647.07
АД. Халк Банка Скопје

Линк до настанот:
https://www.facebook.com/events/192541534906124/

Линк од апелот за помош:
https://www.donacii.mk/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-vasilie-petridov/