Околу 600 деца од ромска националност во скопско Шуто Оризари, на возраст од 10 до 18 години, не се вклучени во образовниот процес. Причините за ваквата ситуација лежат во лошата социо-економска ситуација, нискиот квалитет на образование во основните училишта, несоодветен и незаинтересиран кадар, како и во незаинтересираноста на родителите нивните деца да стекнат образование.

– Како дополнителен клучен проблем е несоодветниот систем за следење на редовноста на децата и злоупотребата на детскиот труд. Голем број ромски семејства се заминати во странство, но има и голем број на деца повратници од странство. Овие деца недоволно го познаваат македонскиот јазик и немаат лични документи, односно се нерегистирани деца. Пречка е и диксриминацијата, како и недостатокот и несоодветни локални политики за образовна инклузија на Ромите, посочуваат од невладиниот сектор кој се грижи за овој сегмент кај ромската популација, воедно и Шуто Оризари е општина каде што се сконцентрирани над 40 проценти од ромското наделение во Македонија.

Со цел за поголемо охрабрување на засегнатите страни во поголема инволвираност на ромските деца во Шуто Оризари невладиниот сектор одржува тридневна дебата , каде што експерти, претставници на локалните и националните институции, граѓански организации и граѓани разменуваат ставови и мислења за полесно решавање на проблемот со ромските деца. Министерката ниту се ангажира ниту ја засегнува ова како прашање со кое треба да се „замара“ , не дека го води и се грижи за социјалниот дел од државата во која живееме.

Имено во едно нејзино интервју и изјава од пред некој ден таа посочи дека ромите можат својот национален ден на ромите да го прослават во рамките на семејството како традиција, како и се останато. нешто посебно не обрна внимание ниту на тоа нитупак посебно ќе се загрижи за овој аспект од животот на ромите, но на крај како и да е, 600-тини дечиња не добиваат соодветно образование бидејќи министерката има поважни државнички работи отколку да се грижи за тие на кои има е потребно најголемо насочување и грижа, на дечињата -изјавија родители загрижени од ваквата постапка на министерката кои живеат во Шуто Оризари.