Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2. Од Министерството за здравство информираат дека не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.839 тестови преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-252, Биотек-197, Систина-66, лабораторија Лаор-338, Синлаб-29, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа–10, Никоб лаб-559, ВФВ Медикал-18, Ели Медика-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.906.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.