Брзиот начин на живот исполнет со многу обврски и ангажмани често придонесува да заборавиме на самите себеси, а со тоа и да ставиме здравјето во втор план. За добро здравје секако многу важна е физичката активност која не само што го одржува организмот спремен да се справи со секојдневните предизвици, туку помага и да се зашититиме против различни заболувања.

Срцето е најважниот мускул во човечкиот организам кој треба да се одржува во добро здравје. Во продолжение претставуваме неколку стилови на вежбање кои доколку ги практикувате, би го намалиле ризикот од срцеви заболувања:

Кардиоваскуларниот (аеробен) тренинг го зголемува протокот на крв и кислород. Тука спаѓаат физички активности кои го вклучуваат работењето на сите мускулни групи одеднаш. Аеробик вежбите спаѓаат во групата вежби кои имаат најпозитивно влијание на срцето. Редовните кардиоваскуларни вежби го намалува нивото на холестерол и го регулираат шеќерот. Како резултат на сѐ тоа, се врши помал притисок врз артериите, што исто така, значи помала можност за проблеми со срцето. Ваквиот вид на вежбање може многу да придонесе за регулирање на срцевите отчукувања и крвниот притисок, а со самото тоа и да го поправи дишењето, бидејќи за време на вежбањето срцето помалку ќе се заморува.

Вежбите за истегнување го намалуваат задебелување на ѕидовите на артериите. Вежбите за истегнување вклучуваат лесни раздвижувања на мускулите на рацете и нозете со кои се зголемува флексибилноста на телото која пак, ги релаксира мускулите и зглобовите и ја ублажува напнатоста, подобрувајќи го протокот на крвта. Јогата може да помогне бидејќи телото се опушта, со што се намалува ниво на кортизол (хормонот на стресот).

Статичкото и динамично истегнување се корисни вежби за срце што треба да ги вклучите во фитнес-програмата и дневната рутина. Истегнување затегнати мускули и тетиви помага да се прошират артериите, намалувајќи го крвниот притисок и воспаленијата.