Постојат рани знаци дека вакцинираните луѓе би можеле да го пренесуваат сојот Делта на коронавирусот исто толку лесно како и невакцинираните луѓе, соопшти денеска Државната агенција за јавно здравје на Англија (ПХЕ). Наодите се совпаѓаат со оние на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој минатата недела предупреди дека вакцинираните лица заразени со варијантата Делта, за разлика од другите варијанти, можат да ја шират инфекцијата.

Високо заразната варијанта на коронавирус е глобално доминантна и одржува пандемија од која починаа повеќе од 4,4 милиони луѓе, вклучително и повеќе од 130.000 во Велика Британија. Се покажа дека вакцините обезбедуваат добра заштита од посериозна клиничка слика и смрт по инфекција со Делта, особено две дози, но има помалку податоци за тоа дали вакцинираните лица можат да продолжат да го шират вирусот на другите.

ПХЕ објави дека од 19 јули, меѓу хоспитализираните лица заразени со варијанта Делта, 55,1 % биле невакцинирани и 34,9 % ги примиле двете дози на вакцина против Ковид-19. Речиси 75 % од британското население ги прими и двете дози, а ПХЕ наведува дека „како што се вакцинираат повеќе луѓе, ќе се види поголем релативен процент од вакцинираните во болница“.