Херпесот најчесто се добива во детството. Вирусот останува во нервните клетки, и во зависност од состојбата на вашето здравје и инфекции тој се појавува повторно.

Појавата на херпес на вашата уста значи дека вашиот имунитет нагло опаднал или е последица од некоја друга болест или состојба.

Тоа може да се случи како реакција на телото про силна менструација, претепен голем страв, вознемиреност, стрес или нервоза. Исто така, може да биде и како реакција од вирусна инфекција или температура, па затоа и низ народот се вели: “температурата е виновна за херпесот”.

Херпесот е всушност вирусна инфекција, обично прво се јавува во детството, но исто така може да се појави повеќе пати во текот на животот. По првата инфекција, вирусот останува во нервните клетки, и во зависност од состојбата на имунитетот, тоа може да се активира.

Најчесто се појавува на исто или приближно исто место. Треба секогаш да се биде посебно внимателен затоа што херпесот е заразен. Затоа доколку го имате немојте никогаш да бакнувате мало бебе, посебно новороденчиња затоа што тоа за нив може да биде фатално.

  • Не споделувајте чаши и ноктарици

Ако останатите членови на семејството веќе имале херпес на устата, одбегнувајте да пиете од иста чаша и бакнување за да не се заразите. Внимавајте исто и ако повеќе пати јадете од иста чинија, како на пример, чипс и останати грицки, затоа што тое е еден од повеќето начини повторно да се активира вирусот.

  • Како се развива?

Ден или два пред почетокот на херпес, местото на кое може да се појави почнува да пецка и да биде осетливо. Потоа настануваат меурчиња кои на крајот пукаат, а потоа се појавуваат рани. Вкупно цел процес трае од 7-10 дена. Не е потребно да се лечи со посебно лекови. Но во случај да зачести појавувањето на херпесот, добро би било да се советувате со доктор за понатамошна нега, кој ќе ви препише антивирусни лекови.

За побрзо заздравување најчесто се користат препарати кои се на природна база и врз база на цинк. Одлечен народен лек е лукот, кој треба да се држи на херпесот пет минути.

Одмарајте и што е можно повеќе одбегнувајте стресни ситуации. Насмевката и добро расположение исто така делуваат како добар природен лек за херпес, бидејќи го стимулира имуноглобинот А, протен кој му помага на организмот во борбата против инфекцијата.