Се плашите од змии? Запознајте ја најотровната змија во светот, Таипан. Отровот од едно каснување на оваа змија може да убие 250.000 глувци. Не, не е грешка во нулите, толку е отровна.

Таипанот живее во Австралија. Отровот на оваа змија е далеку посилен од отровот на кобрата. Сака да лови и е исклучително активна, но мрази да биде во групи и преферира самечки живот.

Доколку оваа змија гризне човек, тој ќе почине за околу 45 минути. Расте до должина од 2,5 метри и може да ја менува бојата во зависност од годишното време, со помош на способноста да апсорбира топлина. Па така на пример, во лето е темно кафеава, а во зима е темно сива.