Микробиолозите советуваат облеката да се пере на најмалку 60 °C, што е особено точно за детската облека бидејќи децата се почувствителни и нивниот имунитет не е секогаш целосно развиен.

Иако перењето облека на пониски температури може да изгледа како добра идеја, но и попријатна за животната средина, некои истражувања ја побиле идејата и велат дека алиштата сепак треба да се перат на малку повисоки температури.

Според истражувачите, облеката што се пере на ниски температури може да пренесе бактерии како што е Ешерихија коли, која живее на нашата кожа и во телото, на температура од 37 °С. Ова значи дека ниската температура од 30 °C нема да ги убие. Од таа причина, микробиолозите советуваат облеката да се пере на најмалку 60 °C. Истото важи и за долна облека, како и за постелнина и крпи.

И за да бидете сигурни дека ќе се ослободите од сите бактерии со перење, експертите ве советуваат повремено да „свртите“ празен барабан во машината. Празен барабан, вклучете ја највисоката температура, на 90 °C степени, ставете сода бикарбона и оцет, за да се ослободите од сите бактерии.