Во светот живеат милијарда пушачи, односно една седмина од вкупната популација. Секоја минута се палат 11 милиони цигари, а десет луѓе дневно умираат поради оваа навика, предупредува Светската здравствена организација.

Најмногу пушачи живеат во Кина – 315 милиони. Кинезите пушат една третина од цигарите во светот.

Индонезија има најголем процент на пушачи, односно во оваа земја три четвртини од мажите постари од 15 години се пушачи.

Пет компании контролираат 80 отсто од светскиот пазар со цигари. Нивниот профит во 2015 година изнесуваше 62 милијарди долари.

Околу 80 проценти од светските пушачи живеат во земји со ниски или средни примања. Сепак, според истражување објавено во магазинот „Lancet“, процентот на пушачи во светот опаѓа во текот на последните 25 години.

Во текот на деведесеттите години според статистиките, пушач беше секој трет маж и секоја дванаесетта жена. Денеска пуши секој четврти маж и секоја дваесетта жена.

Пушењето е намалено во земјите во кои со кршењето на законот за забрана за пушење се предвидени големи казни и во кои се повпечатливи здравствени предупредувања.

Цигарите се главен причините за смртни случаи кои можат да бидат спречени.

Активното или пасивното пушење годишно убива повеќе од седум милиони лица.