Министерот за здравство Венко Вилипче денеска посочи дека во следниот период не се очекува да има силен бран на Ковид-19. Тој објасни дека ја следат состојбата, засега не размислуваат за воведување задолжителна вакцинација, а се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

Од досегашните искуства дека, рече Филипче, овој бран беше силен и имаше голем број новодијагностицирани пациенти на кои им беше потребно болничко лекување само во градовите каде е низок опфатот со вакцинација, а во градовите каде тој опфат е повисок „нема гужви во болниците“.

– Сега на територијата на цела држава е во пораст опфат со вакцинација. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни и треба да ја следиме состојбата. Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано сега во овие градови во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, рече министерот за здравст

Тој додаде дека наскоро ќе почне да се применува нова рестриктивна мерка за влез на одредени објекти и настани, при што ќе може да влегуваат само вакцинирани со две дози, наместо како досега и само со една. Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна Филипче, иако тоа не се исклучува.

– Тешко е да се предвиди како ќе се движи состојбата со вирусот. Има различни студии и предвидувања. Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е исклучено. Ќе видиме како ќе биде овој следен период, каква ќе биде епидемиолошката состојба, ќе видиме дали овој опфат со вакцина и натаму ќе ги намалува бројките и врз основа на тоа би носеле нови одлуки, рече Филипче.