Време е да размислиме на кој начин да го зајакнеме нашиот имунитет и да се заштитиме од сите опасности кои не опкружуваат. Еве еден рецепт кој претставува здрав напиток направен од само четири состојки: млеко, куркума, бибер и мед.

Куркумата е главен зачин на овој напиток, а нејзините придобивки се големи. Покрај богатиот вкус, куркумата е позната по тоа што содржи состојка куркумин, за кој по спроведените истражувања е докажано дека позитивно влијае против многу болести. Според истражувањата куркумата го забавува процесот на згрутчување на крвта, позитивно делува при лечење на депресија, ги ублажува симптомите на остеоартритис, го намалува високиот крвен притисок, добра превенција е против карцином, го чисти црниот дроб и го зајакнува имунитетот.

Подготовка: Во тенџере ставете 200 милилитри млеко, додајте две лажици куркума и неколку зрна црн бибер. Ставете го тенџерето на рингла и загревајте ја смесата, но внимавајте да не зоврие. Оладете го „златното млеко“ неколку минути, додадете лажица мед и подготвено е за консумација. „Златното млеко“ најчесто се пие пред спиење, бидејќи има смирувачко дејство. Можете да го пиете по потреба, од еднаш дневно, до еднаш неделно. Ако не ви се допадне оваа комбинација, додадете ѓумбир или цимет.