За една година во Њу Делхи има повеќе од 1.000 случаи на треската Денга, од кои 238 се регистрирани само во последната недела, соопшти здравствената корпорација на индискиот главен град. Денга треската е вирусна инфекција која се пренесува со каснување од комарец и е широко распространета во Југоисточна Азија.

Според СЗО, не постои посебен третман за неа, а вакцината против неа може да се дава само на луѓе кои веќе ја прележале. Постојат четири серотипови на вирусот, што значи дека едно лице може да се зарази со Денга дури четири пати.

Според објавените податоци, од почетокот на оваа година до 23 септември во Њу Делхи се регистрирани 1.006 случаи на болеста, од кои 665 во октомври, кога во главниот град беше регистриран пикот на заболувањата. Според повеќе официјални податоци, најголем број смртни случаи од Денга биле регистрирани во 2015 година, кога таа во главниот град на Индија однела 60 животи.

Кон крајот на септември, властите во Индија предупредија 11 држави за можноста од Денга треска и наредија рано дијагностицирање, отворање телефонски линии и проверка на залихите на комплетите за тестирање, инсектициди и лекови.