Ова овошје особено треба да го консумирате во зимските месеци, еве зошто

Есента и зимата секогаш носат ризик од настинки, а здравата храна која е полна со витамин Ц е важна за борбата на организмот против болести, настинки и грип, вклучува и…

Есента и зимата секогаш носат ризик од настинки, а здравата храна која е полна со витамин Ц е важна за борбата на организмот против болести, настинки и грип, вклучува и киви.

Кивито е овошје со кисел вкус, полно со придобивки за здравјето на луѓето. Полн е со витамини Ц, К и Е, но и фолати и калиум. Богато е со антиоксиданси и е одличен извор на влакна. Малите семиња киви се јадат, исто како и кората, иако повеќето луѓе ја лупат и ја фрлаат. Нутриционистите и лекарите тврдат дека постојат најмалку пет причини зошто ова овошје треба да се консумира, особено во есен и зима.

Го зајакнува имунолошкиот систем: Ова овошје е полно со витамин Ц, кој игра важна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Некои нутриционисти тврдат дека секојдневната потрошувачка на киви во зима го намалува ризикот од настинка и грип, особено кај децата и оние над 65 години.

Го подобрува варењето: Бидејќи содржи многу растителни влакна, кивито е одлично овошје за подобрување на варењето. Исто така, содржи ензим наречен актинидин, кој помага да се разложи протеинот, што го прави пожелно во исхраната.

Сојузник на добар вид: Дегенерацијата на макулата е водечка причина за губење на видот, а кивито може да игра важна улога во нејзиното спречување. Офталмолозите и нутриционистите се склони да тврдат дека три киви дневно го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација за дури 36 проценти. Се верува дека за тоа се одговорни соединенијата зеаксантин и лутеин од киви.

Борец против многу болести: Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на ДНК, што може да доведе до разни здравствени проблеми. Благодарение на антиоксидансите што ги содржи, научниците веруваат дека редовното внесување киви во исхраната може да го намали нивото или ризикот од оксидативен стрес. Покрај тоа, му се припишуваат чудесни својства во намалувањето на крвниот притисок.

Го намалува ризикот од згрутчување на крвта: Се верува дека ова овошје, покрај тоа што влијае на регулирањето на крвниот притисок, помага и во намалување на ризикот од згрутчување на крвта. Студијата спроведена на Универзитетот во Осло покажа дека консумирањето на две киви дневно значително го намалува ризикот од згрутчување на крвта, но исто така ја намалува количината на маснотии во крвта.

Киви е овошје што е безбедно да се конзумира што се однесува до повеќето луѓе. Исклучок се луѓето кои имаат алергиски реакции на некои супстанции што ги содржи кивито. Нутриционистите препорачуваат кивито да се јаде свежо или да се додаде во смути. Според нив, во зависност од возраста и здравствената состојба, генерално се доволни еден до три киви дневно за да го снабдат телото со важни хранливи материи.


Related Articles