Кога се гледате со некој нов, почетокот е навистина забавен. Но, по 2 или 3 месеци многу жени забележуваат дека мажот губи интерес. Во овие ситуации динамиката на вашата врска се менува многу брзо, па сигурно се прашувате што ли мисли партнерот. Најверојатно станува збор за едно од следниве сценарија.

  • Се наоѓате на различно место во врската

Во првите 1-2 месеци, мажите се во врска за да видат дали ќе треба да продолжат понатаму. Жените од друга страна веднаш сакаат да го претворат состанувањето во врска. По 2-3 месеци, мажот најверојатно веќе одлучил дали врската има потенцијал. Важно е да запомнете дека на почетокот на врските сите се прикажуваат во најдобро светло. Не знаете со што се соочувате дури до 6-тиот месец. На мажите им е потребно подолго време да одлучат дали сакаат да бидат во врска, а ако ги притискате само ќе ги избркате.

  • Не му давате простор да одлучи што сака

На мажите им е потребно време и простор да одлучат што сакаат. Ако постојано го прашувате што понатаму или ако правите планови за иднината без тој да се согласува со вас, тој ќе чувствува притисок да ве направи среќни. Ако мисли дека не може да го постигне тоа, ќе си замине.

  • Изгубил интерес но страв му е да ви каже

Некои луѓе едноставно не сакаат да се соочуваат. А некои момци ќе направат сè за вие да бидете личноста што ќе ја прекине врската. Можеби никогаш нема да ви биде јасно зошто дошло до крај. Можеби тој нашол некој друг или едноставно хемијата помеѓу вас не била доволно силна.

  • Повеќе нема занес

Зансеот и привлечноста се она што ги спојува луѓето, но она што ги држи заедно се емоционалната поврзаност и заедничките вредности. Во реалноста не можете да ја добиете потребната емоционална поврзаност со само неколку состаноци. Дајте си време да видете како ќе се одвиваат работите пред вашата врска да стане официјална.

  • Премногу сте „мажествени“

Во секоја врска постои рамнотежа помеѓу машката и женската енергија. Ова значи дека машкото може да биде оној со женската, а женското со машката енергија. Кога момчето ќе престане да води, таа улога ќе ја преземе жената. Тоа е сосем во ред но само само ако момчето сака да го „бркате“, а не да биде бркано. Кога мажите и жените ќе си ги сменат улогите, динамиката на врската се менува. Кога жената станува „мажествена“ и е иницијатор за сè во врската, на машкото може да му биде тешко да го пронајде своето место. Обидете се да ѝ одолеете на желбата да бидете главните во вашата врска.