Вчера во 19,40 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ во автобус на ЈСП бр. 65 А со скопски регистерски таблици управуван од А.Д.(41) од Скопје при затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака со вратата, информираше МВР во дневниот билтен. Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на настанот