Скандалозен потег на министерството за здравство на чело со Венко Филипче од кој ќе страдаат пациентите. Вака лекари, биохемичари и лаборанти со кои разговараше zdravstvo.mk го коментираат планот на Филипче преку тендер тежок над 30 милиони евра  да се прави  голема централизирана набавка на реагенси за три години. Според добро упатени извори со ова им се прави директна штета на пациентите, но и на вработените бидејќи резултатите ќе се издаваат утредента, а не како досега истиот ден кога се зема крвта за испитување. Дополнителен проблем според нашите извори е и тоа што крвта нема да се испитува  во сите Јавни здравствени установи кои сега се занимаваат и со оваа здравствена дејност  туку ќе се транспортира во други градови во кои ќе бидат стационирани 12 -те централни лаборатории одредени од Министерството за здравство.

 

Според планот на министерот Филипче, биолошкиот материјал (крвта) ќе се собира од 10 и 30 до 14 часот, а резултатите пациентите ќе ги добиваат дури наредниот ден.  Ова според лекарски извори на zdravstvo.mk  ќе го отежни поставувањето на вистинската дијагноза, пациентите задоцнето ќе добиваат потребна помош, може да има и фатални последици по здравјето на пациентите. Згора на се ќе се предизвика и дополнителни трошоци за патување од еден во друг град бидејќи секаде ќе нема лабораторија и пациентите со денови ќе се шетаат од едно место на друго што значително може да им го влоши здравјето. На пример: Еден ден ќе им земаат крв, а дури другиот ден откако ќе бидат готови анализите лекарот ќе може да им пропише терапија. Спорен е и фактот на министерството за здравство дека на хируршките одделенија и во оние установи кои работат со Итни случаи ќе имало помали апарати за аназлизи, но на нив неможат да се направат сите испитувања доколку се потребни. Од министерството за здравство се правдаат дека со оваа централна набавка ќе заштеделе, но се отвора прашањето дали е потребна заштеда на сметка на здравјето на луѓето бидејќи губењето на времето за неопходни анализи ќе чини човечки животи!

Според листата на централни лаборатории која ја објави НОВА, крвта од пациентите од Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија нема да се анализира во тие градови, туку ќе се праќа во централната лабораторија за овој регион, а тоа е општата болница во Струмица. Во Болницата во Битола ќе се носи крв за анализа дури од Велес, од Демир Хисар, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Крушево.

Во болницата „8 Септември“ ќе се транспортира крв од родилките од специјалната болница за гинекологија во Чаир, од Психијатриската болница во Бардовци, Здравствената станица во Железара, Геронтолошкиот задов во населбата Ѓорче Петров, болницата за белодробни заболувања кај децата во Козле, Здравствен дом –Скопје. Сите овие здравствени установи иако имаат свои лаборатории нема да вршат испитување на крвта во нив.

Лабораторијата на гинекологија нема да прави анализи, како и Онкологија, Трансфузија, Инфективна кои имаат свои специфични анализи, а материјалитите од таму и од другите клиники ќе се праќаат во Клиничка биохемија која ќе биде една од 12 централни лаборатории.

 

 

 

 

Овој скандалозен оглас на штета на пациентите е во тек, а понудите од фирмите треба да се достават најдоцна до 16 јули.

 

 

 

До сега секоја болница сама си набавуваше реагенси и имаше десетина компании кои беа активни на пазарот, но откако минатиот месец министерот Венко Филипче им забрани на болниците сами да набавуваат реагенси за нивните лаборатории, се отвора голем скандал, затоа што сега парите ќе ги добива само една фирма, а нив нема да ги плати министерството туку болниците и тоа за апарати кои во најголем дел од случаите нема да бидат исталирани во нивните болници туку болниците само ќе ги користат.

Условите вметнати во тендерската документација за набавка на апарати кои ќе работат со овие реагенси, прецизно го дефининираат брендот на апарати кој ќе се користи а е увезуван само од една компанија, која доколку техничкиот дијалог не се измени и стане тендер – ќе добие целосен монопол на пазарот со реагенси во Македонија.

Со утврдувањето на апаратурата, која во ваквите набавки доаѓа гратис поради тоа што се плаќаат само реагенсите, јасно е кој ќе го добие тендерот за реагенси и ќе заработи 30 милиони евра тендер. Токму на овој начин Лидер успеал да стигне до комапнијата која е фаворизирана од Министерството.

Дополнително старите апарати кои се користат во моментов, ќе се стават надвор од употреба, иако најголем дел од нив се функционални и не се долго користени, а новите ќе бидат исталирани на помалку места од претходно и компанијата добитник на тендерот ќе биде задолжена низ Македонија да ги транспортира примероците со крв за да се направат биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациски и гасни анализи.