Во 12:20 часот во Полициската станица Аеродром 28 годошниот Љ.Н. пријавил дека на 01.06. во 23,00 часот додека шетал на булеварот “Јане Сандански“ пред Трговскиот центар “Бисер“ на пешачкиот премин, бил нападнат и гризнат од куче-скитник во пределот на десната надколеница.

Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници. Пред извесен период расно куче напуштено од својот сопственик касна две жени и четири деца. Според пријавата првиот напад е на 40 годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата.

Триесет и шест годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син беше исто така нападната од скитници и искасани на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење.

Инаку, дневно во просек во Скопје се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, дел од нив повторно се враќаат на улица, дел се евтанизираат, а дел завршуваат во домовите на скопјани. Кучињата што и по две недели нема никој да ги вдоми, се враќаат на местото од каде што се уловени. Град Скопје молчи, а кучињата и натаму безгрижно шетаат низ улиците и напаѓаат кого ќе стигнат.