По сторијата на Сител. Лично министерот Венко Филипче синоќа телефонски разговарал со мајката на 12 годишната Анастасија. Се договориле денес случајот да го превземат од Клиниката за детска хирургија да се испита целата медицинска историја за да може да го оперираат зглобот на девојчето. Дополнително наводите за барање мито за операција Филипче рече дека случајот лично ќе го пријавел во МВР.

Вчера мајката на Анастасија во солзи раскажа низ каква голгота поминале изминатите 6 месеци.

Се почнало во јануари годинава кога Ансатасија додека си играла со другарчињата паднала и ја повредила ногата. Во старата градска болница и ставиле гипс. После 1 месец  докторот и рекол дека се е во ред и детето може слободно да оди.

Но, девојчето чувствувало силни болки, а отокот не се повлекувал. Чекале уште еден месец за магнет и со резултатот повторно отишле кај истиот доктор.

Ја препратиле во Мајчин дом, па ги шетале по сите Клиники, Трауматологија, Ортопедија, Детска Хирургија, но никој не се нафатил да го оперира детето. Тања тврди дека еден доктор и барал пари.