Американскиот актер Џони Деп отсекогаш бил слаб, но новите фотографии од неговата посета на Европа го покажуваат актерот во многу лоша состојба која ги натера неговите фанови да искажат загриженост за неговото здравје.

Деп (54) на новите фотографии изгледа бледо и анорексично, а фановите не можат да одлучат дали е тоа така поради неговата нова улога или тој навистина има проблеми со здравјето.

Кога минатата недела имаше настап во Русија со неговиот бенд Hollywood Vampires, Џони Деп се фотографираше со негова обожавателка а на фотографијата носеше капа, темни очила за сонце и преголема блуза, па комбинацијата од сите овие работи заедно со неговото тело го направија да изгледа болно и исцрпено.

Голем број негови фанови изразија загриженост и почнаа да го анализираат неговото здравје. Насекаде по социјалните мрежи можеа да се прочитаат коментари како „Луѓе, Џони Деп не изгледа добро“ и „Ве молам кажете ми дека Деп се подготвува за неговата нова улога и дека не е навистина болен“.

Од друга страна, луѓето кои присуствуваа на неговиот настап велат дека тој изгледал насмеан, среќен и совршено здрав и дека не им е јасно како фотографии можат да насликаат сосем различна претстава за него.

Можно е Џони Деп да се подготвува за неговата нова улога и дека поради тоа изгубил неколку килограми. Неговиот следен филм ќе биде премиерно прикажан во септември, а се вика „City of Lies“ и ги обработува убиствата на легендарните рапери Тупак Шакур и Ноториус БИГ.