Сомнеж за менингитис предизвика паника кај родители во Драчево. Петгодишно дете од скопско Батинци кое одело во градинката 8-ми март во населбата, во саботата било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести со клиничка слика за менингококна инфекција. На оние кои биле во близок контакт со момчето лекарите им дале соодветна терапија.  Иако немало официјална потврда за опасната болест, денеска во градинката во вонреден надзор биле скопскиот центар за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Таму е наша екипа, земени се 51 брис, направена е вонредна дезинфекција во градинката како и во возилото со кое било однесено детето во болница, изјави др. Ирина Бухова директор на ДСЗИ

Вонредна дезинфекција била направена и во игротеката каде во петокот детето било на роденден. Испаничени родители на своја рака давале лекови на децата а помош барале и од матичните лекари. Сител ја посети градинката во Драчево и од разговорот со семејства, дел од нив незнаат што се случува е дел денеска разбрале за сомнителниот случај.

– Ќерка ми учи со детето, страв ми е како не,

– Не ни кажаа, денеска на кратко разбрав што е

Побаравме одговор од вработените во градинката, но не упатија кај здравствените власти

– Од градинката во Драчево не добивме официјална изјава кои мерки ги преземаат за запштита на децата. Не упатија одговор да побараме во скопскиот центар за јавно здравје.

Еден час подоцна добивме писмено соопштение.

Во Јавната детска градинка “8 Март“во врска со постоењето на сомнение за менингококна бактерија или вирус во објектите кои се под наша управа е извршена редована дезинфекција, дезинсекција и дератизација и тоа на датум 26.05.2018 година, а вонредно е извршено дезинфекција денеска. Во установата секојдневно се дезинфицираат површините каде децата престојуваат( играчки, постелнина., стои во писмениот одговор од градинката.

Од Клиниката за инфетивни болести велат дека детето е во подобрена здравствена состојба и првичните резултати не покажале дека се работи за менингитис. Со дополнителни анализи ќе утврдуваат која е причината за ваквата  клиничка слика.